25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку всушност чини Galaxy S8

Колку всушност чини Galaxy S8

Сè што е потребно за да биде произведен „Galaxy S8“, ја чини компанијата од 301 до 307 долари, во зависност од добавувачот. Тоа е за 36 долари повеќе отколку што „Samsung“ плаќаше за еден уред од „Galaxy S7 Edge“.

До овој заклучок дојдоа експертите од консултантската компанија „IHS Markit“, по анализа на податоците на партнерите.

Најскапиот детал во новиот предводник е неговиот екран. Ова се наведува во извештајот. За него и за сет од витални микрокомпјутери, вклучувајќи го централниот процесор „Samsung“ дава околу 170 долари.

Интересна е цената за оперативната и вградената меморија. Според мислењето на експертите, таа не е под 40 долари.

Батеријата на „Galaxy S8“ е со капацитет од 3.000 mAh. Смартфонот работи со архитектура како онаа во „Galaxy S7“. Таа чини само 4,5 долари. Оваа ниска цена изгледа неверојатна во позадина на досега наведените компоненти и нивната вредност. Друг момент на одушевување е фактот дека од неодамна компанијата вложува доста напори и средства за проверка на безбедноста на батериите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП