28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Репортери без граници": Македонија закотвена на дното во Европа според слободата на...

“Репортери без граници”: Македонија закотвена на дното во Европа според слободата на медиуми

Слободата на медиумите е намалена во целиот регион, но ерозија на владеењето на правото е највидлива во Македонија, земја кандидат за членство во ЕУ, се вели во соопштението на “Репортери без граници”.

Македонија се најде на 111-то место меѓу 180 земји, со индекс 35,74 во најновиот извештај на „Репортери без граници“, што е за седум места подобрување од лани, но останува закотвена на дното во европски рамки.

Клеветите беа отстранети од кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата се заменети со цивилни тужби со  можност за тешки парични казни и затворски казни за новинарите и сопствениците на медиумите.

Имаше многу извештаи од закани, насилство, малтретирање и заплашување на новинарите за време на политички демонстрации во 2016 година, но од одговорните само неколку беа казнети.

Политичката нестабилност влијае на работата на новинарите, како и притисокот од страна на владејачката партија доведе некои медиуми да цензурираат, се истакнува во извештајот.

Македонија со 111. место е последна од сите земји во регионот. Србија е на 66. место, Босна и Херцеговина на 65. место, Хрватска на 74. позиција, Албанија на 76. место, Косово на 82. место, Грција на 88. позиција и Бугарија на 109. место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП