25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите од продажбата на SAP повторно ги надмина очекувањата

Приходите од продажбата на SAP повторно ги надмина очекувањата

Германската софтверска компанија „SAP“ објави за првиот квартал приход од продажбата кој ги надмина очекувањата на аналитичарите за четвртиот последователен квартал. Ова се случува во услови на раст на трошоците на компаниите за бизнис софтвер, но истовремено трошоците за насочување кон веб-базираниот модел има огромна улога над профитабилноста на „SAP“, пишува „Bloomberg“.

Приходите за првиот квартал се зголемиле за 12 отсто до 5,29 милијарди евра (5,7 милијарди долари), објави „SAP“. За споредба, просечната оценка на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, беше за 5,16 милијарди евра.

Оперативната добивка, ако се исклучат компензациите, амортизацијата и другите давачки, достигнаа 1,2 милијарди евра, во споредба со средната прогноза за 1,23 милијарди евра.

Но профитот се покажа под притисок поради повисоките компензации поради ангажирање на нови вработени и повисоката цена на акцијата, изјави главниот финансиски директор Лука Мучич. „Тоа ќе се промени во наредните квартали“, објасни тој.

Приватните облачни инсталации за клиенти, исто така покажале негативно влијание.

Според Кнут Волер, аналитичар во „Baader Bank“ во Германија, „SAP“ може да успее да ја зголеми оперативната добивка до крајот на годината. Компанијата забележа оперативна маргина од 22,7%. Волер очекуваше тој да е 23,5%.

Главниот извршен директор на „SAP“, Бил Макдермет се бори со конкурентите „Oracle“ и „Salesforce“ за трошоците за софтвер, додека компаниите ги обновуваат своите системи поврзани со продажбата, производството и човечките ресурси, оставајќи во заден план центарот за податоци.

„SAP“ ги насочува своите клиенти кон новата верзија на својот клучен софтвер „S / 4 HANA“ кој има 5.800 корисници кон крајот на март. За споредба, на крајот од минатата година тие беа 5.400. Продажбата на софтверски лиценци, внимателно го смета показателот за идните потенцијални приходи, кој се зголемил за 13 отсто до 691 милиони евра, во споредба со консензус прогнозата за 642 милиони евра според „Barclays“.

„SAP“ треба да работи напорно за насочување на своите најголеми клиенти кон „S / 4 HANA“, изјави Мајкл Брист, аналитичар на „UBS“.

Приходите од прилозите за облачни услуги и поддршка се зголемиле за 34% до 906 милиони евра, во споредба со консензус оценката за 895 милиони евра.

Компанијата ја потврди прогнозата која ја направи во јануари дека приходите од облачните и софтверските услуги во оваа година ќе се зголемат за 6 до 8% при постојани валути. „SAP“ очекува дека нејзините приходи од продажба во 2017-та година ќе достигне 23,2 – 23,6 милијарди евра, а оперативната добивка ќе изнесува меѓу 6,8 и 7 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП