19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola ја „изневерија“ оние кои најмногу ја сакаат

Coca-Cola ја „изневерија“ оние кои најмногу ја сакаат

Приходите на американскиот производител на безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ се намалени во првиот квартал поради трошоците за реструктуирање на работењето и стагнација на продажбата.

Нето профитот на компанијата во тој период изнесувал 1,2 милијарди долари, што е за 20,3 проценти помалку отколку пред една година, додека приходите паднаа за 11,3 проценти на 9,1 милијарди долари, поради слабата продажба на полначниците кои се продадени на независни полначници во склоп на широкото реорганизирање на работеето на „Coca-Cola“ , пренесува Франс прес.

Продажбата ширум светот стагнираше, вклучувајќи го пазарот на Северна Америка, каде инаку остварува најголеми приходи, додека во Латинска Америка опадна за три проценти.

Од „Coca-Cola“ исто така, е соопштено дека ја зголемува програмата за намалување на трошоците на 800 милиони долари годишно до 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП