24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските власти се оптимисти за економијата

Германските власти се оптимисти за економијата

Германската влада ја зголеми малку прогнозата за економскиот раст на земјата за оваа и следната година во позадина на растечкиот оптимизам за растот на глобалната побарувачка и потрошувачка, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на двајца високи владини претставници.

Така властите во Берлин очекуваат веќе раст на бруто домашниот производ (БДП) од 1,5 отсто во оваа година и 1,7 отсто во следната. Ова претставува зголемување од по 0,1 отсто во однос на претходните предвидувања од јануари.

Се очекува освен тоа пазарот на труд да додаде околу 1 милион нови работни места во оваа и следната година, а тоа најверојатно ќе ја поддржи домашната потрошувачка и ќе ги зголеми приходите од даноци.

Се очекува Министерството за економија наскоро да ги претстави официјално новите проекции, а тие ќе се основа и за новите проценки за даночните приходи, кои ќе се факт кон средината на мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП