24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛанските финалисти се пласираа на Ф4 турнирот

Ланските финалисти се пласираа на Ф4 турнирот

Европскиот првак и вицепрвак, ЦСКА Москва и Фенербахче, први изборија пласман на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Двата тима со максимални 3-0 славеа во четвртфиналните серии против Басконија, односно Панатинаикос.

ЦСКА, третата победа ја забележа во Виторија, на теренот на Басконија 90:88. Европскиот првак, успеа во првиот дел да надополни негатива од седум поени, а во последните четири минути да влезе со двоцифрена предност. Сепак Басконија се врати во мечот, а Џејмс не успеа да погоди тројка за победа, по неговиот шут Хамга ја прифати топката но неговиот обид го изблокира Хајнс.

Хори Хигинс со 21 и Нандо Де Коло со 17 пони го предводеа тимот на ЦСКА, додека Токо Шенгелија со 19 поени беше најефикасен кај Басконија.

Фенрбахче, по двете победи во Атина, на домашен терен ја заврши работата околу пласманот на завршниот турнир. Турскиот шампион трета година по ред ќе биде дел од турнирот на најдобрите четири екипи во Евролигата.

Фенербахче го совлада убедливо Панатинаикос 79:61. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на овој меч одигра пет минути, а во статистиката успеа да запише само еден скок.

Фенер со тимска игра го скрши ПАО, шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен со 13 кошеви беше Боби Диксон.

Во среда, натпреварите број 3 од четвртфиналните серии ќе ги одиграат Анадолу Ефес и Олимпијакос, односно Дарушафака и Реал Мадрид. Во двете серии резултатот во победи е 1-1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП