20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетско ефикасните прозорци се инвестиција која се враќа за помалку од 5...

Енергетско ефикасните прозорци се инвестиција која се враќа за помалку од 5 години

Прозорците ја имаат главната улога во заштедата на топлинска енергија. Според истражувањата ова се загубите на топлина во едно просечно домаќинство:

Загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлината од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок.

Подолу е калкулација на трошоците за загревање со електрична енергија во дом со плоштина на прозорци 10м2:

 

Стари прозори со еднинечно обично стакло

коефициент на спроводливост на топлина = 5,8 w/m2k

потрошувачка на електрична енергија за загревање за 1 месец = 1.000 kWh

моментална цена на kWh = 5,56 денари + ДДВ = 6,56 денари

потрошувачка на енергија за загревање за 1 месец = 6.560 денари

за грејна сезона потрошено за загревање 5.560 х 6 месеци = 39.360 ден

ПВЦ прозори со двоен термопан со нискоемисионо стакло, исполна аргон

коефициент на спроводливост на топлина = 1,1 w/m2k

потрошувачка на електрична енергија за загревање за 1 месец = 700 kWh

заштеда на електрична енергија месечно = 300kWh

за грејна сезона = 300 х 5 месеци = 1.500 kWh х 6,56 денари = заштеда 9.840 ден

 

Еден м2 ПВЦ со нискоемисионо стакло со коефииент на топлопроводливост од Uw= 1.1 W/m2K во Проспера чини околу 6.000 денари. 10м2 се околу 60.000 денари. Со намалување на годишен трошок за греење за 9.840 денари и со темпото на поскапување на парното и струјата инвестицијата за прозорците се враќа за помалку од 5 години.

Uw= 1.1 W/m2K го означува коефициент на топло пропустливост на прозорот и оваа бројка  е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП