19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилер: Ќе го зголемивме уделот на европскиот пазар

Милер: Ќе го зголемивме уделот на европскиот пазар

Шефот на руската компанија за природен гас „Газпром“ вели дека нов гасовод низ Балтичкото Море до Германија ќе го зголеми нивниот удел на европскиот пазар и ќе ја намали количината на гас која протекува кон Западот преку Украина.

Генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер, во интервју за Ројтерс вели дека во Европската Унија на некој начин постои зависност од рускиот гас, кој многумина од западните земји веруваат дека Кремљ се обидува да го искористи за влијание во странство.

Но, планот на „Газпром“ да испорача повеќе гас во Европа почнувајќи во 2019 година доби забрзување кога неговите западни партнери на 23 април се договорија да обезбедат половина од финансиите за гасоводот „Северен проток 2“ во вредност од 9,5 милијарди евра. „Газпром“ во Европа продаде рекордни 197 милијарди метри кубни гас во 2016 година. Милер рече оти оваа година може да се очекуваат нови рекорди и дека „Газпром“ е подготвен да го зголеми својот удел на европскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП