20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените ќе ја спасуваат Алиталија

Вработените ќе ја спасуваат Алиталија

Вработените во „Алиталија“ го отфрлија договорот за реструктуирање понуден од управата на компанијата и синдикатите за спасување на оваа авиокомпанија.

Речиси 90 отсто од 12.500 вработени учествуваа во гласањето, и повеќе од половината се спротивставија на договорот.

Владата предупреди дека нема алтернатива за тој план со кој се предвидува укинување на 1.700 работни места и намалување на платата за осум отсто бидејќи касата на фирмата е празна.

Италијански медиуми јавуваат дека директорите на „Алиталија“ би можеле да побараат од државата да се повикаат специјални администратори за да извршат подготовки за можно преземање или ликвидација. Компанијата де факто ја контролира „Етихад ервејз“ кои бараа 49 отсто удел кога во 2014 година ги спаси „Алиталија“ од банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП