29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Северен поток-2″ ќе биде финансиран од пет европски компании

„Северен поток-2″ ќе биде финансиран од пет европски компании

Претпријатието Норд стрим (Nord Stream) 2 AG, подружница на „Гаспром”, и европските енергетски компании Енџи, ОМВ, Ројал дач шел, Унипер и Винтершел (Engie, OMV, Royal Dutch Shell, Uniper и Wintershall) потпишаа договори за финансирање на проектот за гасоводот „Северен проток – 2″, соопштија од руската компанија, пишува Руски дневник.

„Пет европски компании се обврзуваат да обезбедат долгорочно финансирање во износ од 50% од вкупната вредност на проектот, кој во моментот се проценува на 9,5 милијарди евра”, соопштија од ТАСС.

Така придонесот на компаниите ќе биде во износ од 950 милиони евра, а единствен сопственик на капиталот на Норд стрим 2 AГ останува „Газпром”.

На почетокот на април шефот на бордот на директори на германската нафтеногасовна компанија Винтершел, Марио Мерен, изјави дека Полска не успеала да ја спречи изградбата на „Северен поток-2″.

На крајот на март Еврокомисијата ја потврди неможноста да се прифати третиот енергетски пакет на проектот за гасоводот, откако нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер испрати писмо од владите на осум земји (Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Полска, Словачка и Романија и Литванија), кои изјавија несогласувањата за изградба на „Северен поток-2″.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП