23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо подобар дизајн на пакувањето до поголема конкурентност на пазарот

Со подобар дизајн на пакувањето до поголема конкурентност на пазарот

Македонските компании од прехрабената индустрија треба да го подобрат дизајнот при пакувањето за да бидат поконкуретни на пазарот.

Македонските компании произведуваат квалитетни производи, но сѐ уште постои голема можност за напредок при процесот на дизајнирање на пакувањето, вели Сашо Ристески, генерален секретар на Македонската асоцијација на преработувачи.

Асоцијацијата во соработка со швајцарската програма за зголемување на пазарната вработеност објави конкурс на кој дизајнерите можеле да ги понудат иновативните решенија на македонските компании.

Добивме 102 апликации, кои потоа ги разгледавме со заинтересираните компании и на крај помогнавме да се оствари соработка, која резултираше со редизајнирање на 35 производи, но и презентација на комплетно нови линии на производи на преработувачките компании кои беа инволвирани во процесот, нагласи Ристески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП