25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген: Рекордна продажба во 2012 година

Фолксваген: Рекордна продажба во 2012 година

folks1

Фолксваген во 2012 година оствари рекордна продажба, благодарение на поголемата побарувачка во светот.

Компанијата соопшти дека за прв пат доставила повеќе од девет милиони возила за една година. Бројот на испорачаните возила – 9,07 милиони е поголем за 11,2 проценти во однос на 2011 година кога компанијата испорачала 8,16 милиони.

Продажбата во декември била поголема за 20,7 проценти во однос на истиот месец од минатата година. Во Северна Америка, Фолксваген продал 841,500 возила, односно за 26,2 проценти повеќе од претходната година, а во Јужна Америка 1,01 милион, односно за 8,2 проценти повеќе.

Во азиско-пацифичкиот регион, продажбата е зголемена за 23,3 проценти, на 3,17 милиони. Растот во овие делови од светот помогна да се надокнади падот на продажбата од 6,5 проценти во земјите од западна Европа, со исклучок на Германија. Во тој дел од светот, Фолксваген продаде 1,85 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП