20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПридружете се на караванот „Место за сите има еднакво под сонцето“

Придружете се на караванот „Место за сите има еднакво под сонцето“

Оваа година за прв пат во Македонија, Здружението НВО ДЕТСКИ СВЕТ НОВ ПОЧЕТОК Скопје го спроведува караванот „МЕСТО ЗА СИТЕ ИМА ЕДНАКВО ПОД СОНЦЕТО” со цел едукација на децата од училишна возраст за потребата од правилно и секојдневно одржување на спортската култура, како и превенција од појава на деформитетите на телото од најмала возраст, со што ќе се изградат нивните здрави навики и ќе се подобри општата состојба на спортската култура.

Проектот е од глобален карактер и секоја година бројот на земји учеснички ќе се зголемува, а постигнатите резултати ќе се извонредни, посебно во делот на подигнување на свесноста за спортската култура кај децата, преку нив и кај возрасната ќе се реализира во 2 фази, првата започнува на 27-ми Април и трае сѐ до 24-ти Мај и во неа сите граѓани, со дружењето на своите омилени те игри ќе допринесат во поголема покриеност на проектот.

Со почетокот на новата учебна година, започнува и втората фаза во која „МЕСТО ЗА СИТЕ ИМА ЕДНАКВО ПОД СОНЦЕТО” караванот ќе ја започне обиколката на училиштата низ земјата. Низ игра и забава, многу сликовито стручниот спортски тим ќе ги едуцира децата за потребата од одржување на спортската култура и нејзиното секојдневно правилно имплементирање.

„МЕСТО ЗА СИТЕ ИМА ЕДНАКВО ПОД СОНЦЕТО” караванот ќе биде интересен и полн изненадувања, а од него децата на забавен начин ќе научат зошто и како треба да се грижат за своите спортски навики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП