20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто не треба да ја јадете храната на која застанала мува

Зошто не треба да ја јадете храната на која застанала мува

Пролетта и летото го носат топлото време и сонцето, но исто така го најавуваат и доаѓањето на досадните муви кои постојано се обидуваат да слетаат на вашата храна.

Многу луѓе мислат дека тие се само мала непријатност, но не е така бидејќи мувите се полни со бактерии кои претставуваат сериозна опасност за вашето здравје. Не само тоа, мувите речиси секогаш оставаат секрет на храната, кога ќе слеетаат на неа.

Мувите во просек носат повеќе од 200 облици на штетни бактерии, поради нехигиенските работи на кои често слетуваат, како што е расипаната храна и фекалните материи.

„Штом ја допрат храната, дури и на секунда, илјадниците ситни влакненца на нивните нозе, пренесуваат јајца, бактерии и сите валкани нешта кои ги носат на нив“, вели ентомологот Рон Харисон.

„Со оглед на тоа дека мувите можат да пренесат сериозна, заразна болест како што е колерата, дизентеријата и тифусната грозница, кои се само неколку од опасните, можеби е најдобро да не ја јадете храната, на која претходно застанала мува“, истакнува Харисон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП