18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi официјално го потврди Q4 RS

Audi официјално го потврди Q4 RS

Германскиот производител „Audi“ објави дека ќе им предложи на своите клиенти „RS“-верзија на крос-купето „Q4“. Таа ќе биде пуштена на пазарот во крајот на 2019-та година, а ќе се произведува во фабриката во Ѓер, Унгарија.

Според информации на „AutoBild“, „RS Q4“ ќе го користи истиот мотор, со кој се опремени моделите „RS3“ и „RS TT“. Тоа е 2,5- литарски 5-цилиндарски „TFSI“ мотор со моќност од 394 КС и 480 Nm вртежен момент, кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунди. Моторот располага и со електронски ограничувач на брзината, поставен на границата од 250 км/ч.

Сосема можно е за „RS Q4“ моторот да е подобрен, а најверојатно моќноста ќе надминува 400 КС. Агрегатот ќе се комбинира и со систем за погон на сите четири тркала, како и седемстепен менувач „S-tronic“ со две спојки.

Покрај проширувањето на палетата со својот иден „RS“-модел, „Audi“ планира и развој на хибридна модификација со 204 КС и 300 Nm вртежен момент. Во проектот е предвидено користење на погонскиот систем од моделот „A3 e-Tron“, како и неколку различни мотори. Достапен ќе биде 1,5- литарски мотор од „Volkswagen“, како и 2,0-литарски дизел во три верзии – 161 КС, 187 КС и 215 КС.

Цената на „RS“-верзијата се уште не е позната, но најверојатно стартната цена на обичниот „Audi Q4“ ќе стартува од 34.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП