28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа живееш во Сан Франциско не е евтино, дури и со 6-цифрена...

Да живееш во Сан Франциско не е евтино, дури и со 6-цифрена плата

Да живееш во Сан Франциско воопшто не е евтино, дури и со плата која има шест цифри. Во материјал на „The Guardian“, објавен претходно оваа година, анонимен 40-годишен вработен на „Twitter“ вели дека дури и со неговата плата од 160.000 долари годишно продолжува да се соочува со финансиски тешкотии.

„Не станав софтверски инженер, за да се обидувам да врзувам крај со крај“, вели тој за весникот.

Најголемиот месечен трошок на вработениот е 3.000 долари за изнајмување на куќа со две спални, каде што тој живее со неговата сопруга и двете деца. Според него, ова живеалиште му излегува „ултра поевтино“, во позадина на останатите предлози во регионот.

Според него, семејствата многу тешко можат да се квалификуваат на пазарот на недвижности, бидејќи е полн со групи на 20-годишни, кои немаат ништо против да живеат по неколку лица во куќа и сепак да плаќаат по 2.000 долари месечно за соба.

Реалната состојба на луѓето кои работат во Силиконската долина, се потврдува и со други мислења на вработени.

Друга дама сподели пред изданието дека таа и партнерот заедно имаат вкупна годишна плата во висина од над 1 милион долари, што сепак не им помага да живеат мирно, дури и не можат да си дозволат куќа. „Американскиот сон не работи тука“, вели таа, пишува „CNBC“.

Сан Франциско е едно од најскапите места за живеење во САД. Бурниот развој на технолошката индустрија не само што не им помага на обичните вработени, туку токму спротивното – цените бележат скок со темпото на Силиконската долина.

Просечното изнајмување во градот изнесува 3.320 долари месечно за стан со една спална соба и 4.430 долари за дом со две спални, според податоците на порталот за недвижности „Zumper“. Тоа е над два пати поскапо од просечните кирии за САД, кои изнесуваат 1.164 долари за дом со една спална и 1.377 долари за дом со две спални.

Инженерите во популарни технолошки корпорации трошат меѓу 40 и 50% од годишната плата, за да можат да изнајмат дом во близина на работното место.

Работите се уште полоши во Сан Франциско, ако погледнеме кон животот на останатите жители на градот. Лекарите не можат да си дозволат речиси 60% од становите во градот, а учителите треба да одвојат цели 77% од нивните приходи, за да можат да си ја платат киријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП