18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВтора компанија ја мина границата од 600 милијарди долари пазарна вредност

Втора компанија ја мина границата од 600 милијарди долари пазарна вредност

Компанијата мајка на „Google“ – „Аlphabet“, ја мина границата од 600 милијарди долари пазарна оценка, станува јасно од информацијата на „MarketWatch“.

Вчера акциите на технолошкиот гигант додадоа 19.57 долари, или 2.32% до 862.76 долари, а трансакции беа склучени и со рекордната цена од 863.45 долари.

За време на трговската сесија пазарната капитализација на „Alphabet“ достигна 605.1 милијарди долари, за да се намали малку до 602.03 милијарди долари на крајот на денот.

Другата компанија која е со пазарна оценка од над 600 милијарди долари во моментов е „Apple“, која е проценета на 753.5 милијарди долари.

Третата позиција ја зазеде „Microsoft“ со капитализација од 521.8 милијарди долари.

Растот на цената на акцијата на „Alphabet“ се одразува и на богатството на основачите на компанијата. Лари Пејџ и Сергеј Брин вчера додале по 817 и 793 милиони долари или до 44.2 и 43.2 милијарди долари, што е доволно да ги заземаат 11-та и 13-та позиција меѓу најбогатите луѓе во светот.

Од почетокот на 2017-та година Пејџ додал 4.27 милијарди долари, а Брин – 3.98 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП