28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГо одби американскиот гигант, па забележа раст

Го одби американскиот гигант, па забележа раст

Англо-холандскиот гигант во прехрамбената индустрија и во секторот за стока за широка потрошувачка, Unilever, извести за пораст на продажбата и зголемување на дивидендата за акционерите.

Вакви резултати се забележани во првиот преглед на деловните резултати откако оваа компанија ја одби пондата за преземање од страна на американската компанија „Kraft Heinz“.

Продажбата на „Unilever“ порасна за 6,1 проценти во периодот јануари-март 2017 година, на 13,3 милијарди евра, дел поради поволните валутни ефекти, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, пренесува агенцијата АФП.

Од кога во февруари ја одби понудата за преземање од американскиот ривал, „Unilever“ се обидува да им докаже на акционерите дека за компанијата е подобро да биде самостојна.

Претходно овој месец, таа компанија најави продажба на својот огранизациски дел за производство на маргарини, со цел да им се додворува на инвеститорите, од кои многумина изрзија загриженост поради одбивањето на предложеното спојување со „Kraft Heinz“.

„Unilever“ денес исто така најави 12-процентно зголемување на дивидендата за првиот квартал, „што ја одразува довербата во поглед на нашата перспектива“, се наведува во соопштението на компанијата.

Пазарите реагираа поволно на овие деловни покажатели, па цената на акциите на „Unilever“ порасна за 1,3 проценти на 48,35 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП