28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската недела со скромен почеток

Трговската недела со скромен почеток

Скромен промет од 2,89 милиони денари и 29 трансакции го одбележаа понеделничкиот трговски ден на Македонската берза. Ниту една акција немаше промет близу до милион денари.

Најтргувани беа акциите на Стопанска банка Скопје со промет од 700.500 денари, по кои следеа Алкалоид АД Скопје со промет од 581.742 денари и Гранит АД Скопје со промет од 558.260 денари.

Се тргуваше со вкупно 13 лотови, од кои најголем пораст имаше акцијата на Мокел ЕЕ II АД Битола од 26,59% и истргувани 22 лотови по цена од 2.152 денари. Потоа следеа акциите на Стопанска банка АД Битола и Стопанска банка Скопје со раст од 1,56% и 1,08%, соодветно.

Листата на губитници ја предводеше акцијата на Реплек АД Скопје со пад на вредноста од -7,42% при што заврши на 42.000 денари.

Индексот ОМБ и покрај едната трансакција со обврзниците за денационализација РМДЕН13 остана непроменет. Наспроти него индексот МБИ10 со благ раст од 0,08% и заврши на вредност од 2.208,59 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП