28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФранцуско-германски саем на детска литература

Француско-германски саем на детска литература

Францускиот институт во Скопје и Гете-Институтот Скопје го организираат Француско-германскиот саем на детска литература, со наслов „Го читаме другиот“, којшто ќе се одржи во Скопје, Битола и Гостивар.

Манифестацијата ќе биде отворена утре (вторник, 25 април), со почеток во 13 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, од страна на Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, и Кристина Алтхаузер, амбасадорка на Германија.

Почесни гости на Саемот се четворица автори и илустратори на литература за млади, од кои двајца Французи и двајца Германци: Ан Малер, Јана Хајнике, Марк Бутаван и Патрик Хертвек. Тие се многу успешни, имаат богато искуство во работа со деца и низ своите активности пренесуваат важни педагошки содржини. Во рамките, пак, на програмата на саемот ќе се одржат работилници, книжевни читања и дебати со гостите.

Саемот за детска литература продолжува в среда, 26 април, од 13 часот, паралелно во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола и во Центарот за култура во Гостивар.

Овој проект, поддржан од Француско-германскиот културен фонд, има за цел да ја промовира книгата како фактор за културна отвореност и еманципација. Преку читањето на странски јазик младите се воведуваат во светот на туѓата култур, но и во структурата на туѓиот јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП