Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Интервју со Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија

Време: 12:20

Датум: април 24, 2017

Категорија: ИНТЕРВЈУ

Бизнис Конфедерација на Македонија со нови препораки за бизнис климата во земјата

Денар:Бизнис Конфедерација на Македонија 15 години ја артикулира бизнис климата во земјава, што точно значи тоа и на што најмногу се фокусирате?

Нашето приоритетно делување и главен фокус се однесува на подобрување на целосната социо – економска состојба во земјата. Целта ни е да влијаеме на позитивна промена на социјалните и економските показатели, на нивниот раст секој засебно како и на целокупниот ефект врз состојбите и со самото тоа да придонесеме и да ја направиме Македонија подобро место за живеење.

Денар:На кој начин ја поттикнувате работата на малите и средните компании?

Преку советување, толкување на законите, низ пренесување на добри практики од странство, бидејќи сме вклучени како членови во бројни меѓународни организации за унапредување на управување со бизнис, конкурентност и продуктивност. Со индивидуално советување, лобирање за заедничките, но и поединечните интереси на малите и средните компании, застапување на интересите по сектори пред институциите ја подобруваме нивната позиција и со тоа го поттикнуваме нивниот раст и развој. Ги поврзуваме во мултифункционална мрежа на повеќеслојни деловни релации и со тоа придонесуваме за создавање на поцврста пазарна позиција.

Денар:Каков и колкав е бенефитот што една компанија може да го има од членување во БКМ?

Најголемата корист и придобивка за една компанија, наш член е креирањето деловна политика во нивно име. Попрецизно тоа значи, она што компаниите имаат желба да го постигнат, да го остварат како деловна цел или она што им претставува некаква пречка во нивниот просперитет, ние како одговорност и ризик го преземаме, со цел да ја застапуваме и да ги премостиме тие пречки за нивна корист. Следно што компаниите добиваат од нашата поддршка е вмрежувањето. На овој начин се пренесуваат стандарди, знаење и практики од меѓународните бизнис практики. Не помалку важно е промовирањето пред меѓународната – светска и Европска бизнис асоцијација и директното вклучување во најголемата глобална мрежа на работодавачите, којашто спојува 150 организации на работодавачи, членови на  Меѓународната организација на работодавачи (The International Organisation of Employers- IOE).

Денар:Со какви проблеми се соочуваат бизнисите во Македонија?

Неодамна направивме една кампања низ цела Македонија, со која што опфативме околу 15 градови и во текот на истата имавме средби точно со менаџерите и сопствениците на малите и средните компании. На овие средби, беше зборувано за платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти.  Како едни од главните проблеми за време на нашата кампања најмногу се зборуваше за можностите за пристап до финансии, честото менување на законите, присутната корупција и потребата од владеење на правото во насока на овозможување на правна и регулаторна средина и претприемачка култура. Наше издоено мислење генерално за состојбата во бизнисите во Македонија е врзано со претприемачка култура, односно самото знаење да се води бизнис и да се биде усогласен според законите и стандардите во земјата.

Денар:Каква е оценката за бизнис климата во Македонија?

Покрај предизвиците со кои се соочуваме од аспект на политичка нестабилност и тоа не само во последно време, туку генерално, како и недоволната способност за водење бизнис и почитување на кодексот на претприемачка култура, сепак уште многу треба да се работи. Затоа што секогаш може да биде подобра и сите би можеле да ја оцениме како добра и поволна за водење бизнис доколку суштински и објективно учествуваме во креирањето на политиките и стратегии за водење бизнис.

Денар:Покрај политичката нестабилност, што друго влијае врз доброто функционирање на компаниите?

Потребно е да создадеме позитивно и функционално деловно окружување и тоа токму со политиките кои се базираат на основните принципи и потреби за спроведување на добра деловност. Во наведените предлог политики претендираме кон бескомпромисно и строго почитување на правната регулатива и регулаторна средина, создавање на средина каде се почитува моќта на владеење на правото, да се овозможи рамноправен за сите пристап до финансии, да ја заштитиме лојална конкуренција и да се обучиме во духот на претприемачката култура. Доколку ги исполниме сите овие услови ќе создадеме услови за добро функционирање на компаниите.

Денар:Колку БКМ може и придонесува во подобрување на бизнис окружувањето?

Mногу може и тоа и го правиме. Преку застапеноста во разните владини комисии како и односите што ги имаме воспоставено со Владата, синдикатите и други државни органи. Ги артикулираме интересите и секторските проблеми преку секторските здруженија. Ги поврзуваме со национални и меѓународни институции и организации, ние директно и индиректно ја менуваме и подобруваме бизнис климата во државата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со г. Филип Поповски, Генерален Секретар на ФФМ

    Интервју со г. Филип Поповски, Генерален Секретар на ФФМ

    Со изградбата на стадионот “Младост” во Струмица добивме нов репрезентативен терен според високите стандарди на УЕФА Денар: Помина скоро еден месец  од организацијата на Скопје…

  • Интервју со Петер Скварча, извршен директор на Сава Осигурување

    Интервју со Петер Скварча, извршен директор на Сава Осигурување

    Денар: Се поактуелни стануваат темите поврзани со осигурувањето. Какво е вашето мислење? Каде е осигурувањето во Македонија, каде сте вие на пазарот? Одговор: Задоволни сме…

  • Интервју со Марија Михаилова – менаџер за контрола на квалитет во Макпрогрес Виница

    Интервју со Марија Михаилова – менаџер за контрола на квалитет во Макпрогрес Виница

    Макпрогрес е компанија која работи по највисоките стандарди за квалитет и безбедност на производите Денар: Како една од најголемите прехранбени индустрии на пазарот, која постојано…

  • Интервју со Оливер Димитровски, сопственик на групацијата ЊУ ВЕЈ Лимитед

    Интервју со Оливер Димитровски, сопственик на групацијата ЊУ ВЕЈ Лимитед

    Недвижностите сѐ уште се најсигурен избор за инвестиција Побарувачката и инвестицијата во недвижности сѐ уште се на високо ниво. Со експанзијата во градежништвото, постојано се…

  • Интервју со Тони Трајанов, Главен извршен директор на Македонско кредитно биро

    Интервју со Тони Трајанов, Главен извршен директор на Македонско кредитно биро

    Денар: Кога е формирано Македонско кредитно биро и која е неговата функција? -Македонско кредитно биро (МКБ) е акционерско друштво основано на 24.12.2008 година од страна…

  • Интервју со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит

    Интервју со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит

    Разговор со Томе Пачаразлиев, дипл. машински инженер и сопственик на компанијата Транзит, која e една од првите фирми во Македонија која се занимава со увоз,…

  • Интервју со Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторe Македонија

    Интервју со Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторe Македонија

    Ајхан Узун: Поставувањето на високи стандарди и позиционирањето како лидер е голем предизвик Факт е дека никој не може да остане рамнодушен и да не…

  • Интервју со претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски

    Интервју со претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски

    Можеби во блиска иднина поради проектите кои ги реализирав ќе бидам означен како најлошиот, а можеби и како најдобриот претседател на федерацијата. Факт е дека…

  • Интервју со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп

    Интервју со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп

    Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција Денар: Првата асоцијација која ја добиваме кога ќе се спомене престижниот бренд Ламборџини…

  • Интервју со г. Глигор Цветанов, Извршен Директор на Макпрогрес ДОО Виница

    Интервју со г. Глигор Цветанов, Извршен Директор на Макпрогрес ДОО Виница

    Денар: Макпрогрес постои 26 години. Што е тоа што ја одржува компанијата, а што е тоа што ја движи напред? Целосната посветеност на менаџментот и…