25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и покрај економската криза, на третото место во светот според трошоците...

Русија и покрај економската криза, на третото место во светот според трошоците за одбрана

И покрај економската криза, Русија минатата година повторно ѝ го зема на Саудиска Арабија третото место во светот во однос на трошоците во сферата на одбраната, застанувајќи зад САД и Кина, соопшти денеска Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Земјата лани за воени трошоци одделила 69,2 милијарди долари, што е за 5,9 повеќе отколку во 2015 година. Таа сума претставува 5,3 отсто од нејзниот бруто домашен производ, што е нешто невидено од распаѓањето на Советскиот Сојуз пред 25 години, нагласи СИПРИ.

– Ова зголемување на трошоците во тешко време за економијата се одразува негативно на руската економија во сегашниот деликатен момент за неа поради ниските цени на горивата и економските санкции, воведени во 2014 година од Западот поради украинскиот конфликт, коментира СИПРИ во својата анализа.

Саудиска Арабија, со трет по големина воен буџет во 2015 година, лани се симна на четвртата позиција. Трошоците за одбрана се намалиле за 30 отсто, на 63,7 милијарди долари, независно од нејзиното континуирано учество во конфликтите во регонот.

– Падот од приходите од нафта и стопанските проблеми, падот на курсот на валутите принудија голем број извознички на нафта да ги намалат воените трошоци, изјави Нан Тајан, експерт од СИПРИ.

На прво место е воениот буџет на САД, кој е зголемен во 2016 година за 1,7 отсто, на 611 милијарди долари, а на второ место е Кина со зголемување од 5,4 отсто, односно 215 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП