20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини

Умерен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено,но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна на 18.04.2017 , а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП