18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристал Палас го совлада Ливерпул (видео)

Кристал Палас го совлада Ливерпул (видео)

Кристал Палас го победи Ливерпул со 2:1 во 34.коло, во Премиер лигата. Лондонскиот тим стана втората екипа во историјата која во три последовни сезони забележал исто толку победи на „Енфилд“.

Кристал Палас пред три недели го победи Челзи на „Стенфорд Бриџ“, а во неделата славеше и против уште еден голем фаворит, Ливерпул со 2:1.

Ливерпул го шокира поранешниот фудбалер на овој тим Кристијан Бентеке кој ги постигна двата гола за Кристал Палас.

Белгиецот најпрвин го израмни резултатот во 43.минута, откако Кутињо 20 минути претходно му донесе водство на Ливерпул, а потоа во 73.минута ги постави конечните 1:2.

Гостинска победа забележа и Манчестер Јунајтед кај Барнли. Десеткуваниот Јунајтед славеше полесно од прогнозите со 2:0, а головите ги постигнаа Марсијал и Руни во интервал од осум минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП