19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ, 28.коло: Шкендија со нов кикс, Вардар славеше над Шкупи

ПМФЛ, 28.коло: Шкендија со нов кикс, Вардар славеше над Шкупи

Вардар маршира кон одбрана на шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, откако по 28.коло стекна предност од 13 бода во однос на Шкендија. Вардар во ова коло како гостин славеше над Шкупи 2:0, додека Шкендија одигра 1:1 во Кратово против Силекс.

Актуелниот првак на теренот во Чаир славеше со 2:0, со головите на Боарето во 20-та и Барсегјан во 51-та минута.

Шкендија го загуби чекорот со шампионот, откако не успеа да победи во Кратово. Конечниот резултат 1:1 беше поставен на почетокот од вториот дел, кога најпрвин Филиповски постигна гол во 46.минута за Силекс, а две минути подцна израмни Жуниор.

Пелистер во пелагониското дерби славеше минимално над Победа 1:0. Единствениот гол го постигна Трифуновски на 12 минути до крајот на натпреварот.

Ренова рутински ја победи Брегалница со 4:0. Серијата на голови ја отвори Мишовски, ја продолжи Велинов, а со два гола ја заклучи Нафиу.

Резултати, 28.коло:

Ренова-Брегалница 4:0
Шкупи-Вардар 1:2
Силекс-Шкендија 1:1
Пелистер-Победа 1:0
Ранотнички-Македонија ЃП 1:1

Табела: 1. Вардар 68, 2. Шкендија 55, 3. Работнички 47, 4. Пелистер 40, 5.Ренова 38, 6. Силекс 36, 7. Шкупи 29, 8. Победа 23, 9. Брегалница 19, 10. Македонија ЃП 19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП