19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалермо доживеа дебакл од Лацио, Милан загуби од Емполи (видео)

Палермо доживеа дебакл од Лацио, Милан загуби од Емполи (видео)

Палермо на македонските репрезентативци Несторовски и Трајковски доживеа дебакл од Лацио во 33.коло во Серија А, во кое сензација направи Емполи со гостинската победа над Милан, а Кротоне кај Сампдорија освои бодови кои на тимот му ги продолжија надежите дека ќе избори опстанок.

Палермо, кој наредната сезона ќе игра во Втората италијанска лига, претрпе тежок пораз на Олимпико во Рим, Лацио славеше 6:2. Лациалите пет од шестте гола постигнаа во интервал од 18 минути, од осмата до 26.минута.

Имобиле постигна два гола во осмата и 10-та минута, а потоа Балде Кеита за пет минути реализираше хет-трик, тој головите ги постигна во 21-та, 24-та од пенал и 26-та минута.

Во второто полувреме Лацио го намали интензитетот во играта, што Палермо го искористи и со двата гола на Рипсоли намали на 5:2, а конечниот резултат во последната минута го постави Греко.

Милан доживеа непријатен пораз од Емполи 1:2, кој го оддалечи од петтото место на табелата. Гостите кои се борат за опстанок стигнаа до предност во 41.минута преку Мкедлидзе. Милан можеше да израмни во 59.минута, но Сусо не реализира пенал, а казната стигна во 67.минута кога Тијам го постигна вториот гол за Емполи. Четири минути подоцна Лападула го постави конечниот резултат 1:2.

Значајна гостинска победа запиша Кротоне над Сампдорија со што си ги продолжи надежите дека може да избори опстанок. Сампдорија водеше по 20 минути игра со фголот на Шик, а Кротоне до трите бода стигна со головите на Фалчинели во 67-та и Сими во 80-та минута.

Победа на гости запиша и Торино, во Верона против екипата на Киево. Торино славеше 3:1 со головите на Запакоста, Љајиќ и Фалке.

Сасусоло успеа да остане непоразен против Наполи, натпреварот во Реџо Емилија заврши 2:2. Мертенс погоди за Наполи, потоа Сасуоло направи пресврт преку Берарди и Мацители, а на пет минути до крајот Милик го постави конечниот резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП