19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ вети борба за намалување на глобалната нерамнотежа

ММФ вети борба за намалување на глобалната нерамнотежа

Земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ветија дека ќе работат на тоа да се намали глобалната нерамнотежа, но изостана нивното старо ветување дека ќе се борат против сите облици на протекционизам.

ММФ и финансискиот одбор(ММФЦ), кој е управен одбор на ММФ, ги повтори во соопштение своите лански ветувања за девизните курсеви.

„Ќе се воздржиме од конкурентни девалвации на валутите и нема нашите курсеви да ги прилагодуваме за да бидеме конкурентни“, се вели во изјавата

Во изјавата на ММФЦ се наведува дека светската економија закрепнува, но растот е сè уште „скромен“, а се предупредува на засилената политичка несигурност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП