25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук го доби дуелот со Харден, брејкови на Бостон и ЛА Клиперс,

Вестбрук го доби дуелот со Харден, брејкови на Бостон и ЛА Клиперс,

Оклахома и Бостон го намалија резултатот во конференциските четвртфиналиња против Хјустон, односно Чикаго, на 1:2, додека ЛА Клиперс ја вратија предноста на домашниот терен со триумфот во Солт Лејк Сити над Јута.

Расел Вестбрук, за разлика од првите два натпревара доби поддршка од соиграчите, што резултираше со победа на Оклахома над Хјустон 115:113. Рас го забележа 44-от трипл-дабл во сезоната (32 поени, 13 скокови, 11 асистенции), но клучен беше придонесот на Таж Гибсон (20 поени), Андре Робертсон (12 поени) и Виктор Оладипо (12 поени).

Хјусон го предводеше Џејмс Харден со 44 поени, но најдобриот играч на овој тим не успеа да погоди тројка во последниот напад.

Чикаго победи на првите две средби во Бостон и многумина очекуваа дека Булси лесно ќе стигнат до 3:0 во серијата. Сепак неиграњето на плејмејкерот Режон Рондо им го отежна патот кон победата, што Бостон го искористи и намали на 1:2 во серијата.

Бостон победи во Чикаго 104:87, благодарени на тимската игра во двата правци. Петмина кошаркари на Селтикс постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Ал Хорфорд со 18, а два помалку реализираа Ајзеа Томас и Џеа Краудер. Кај Чикаго само Двејн Вејд одигра на посакуваното ниво, тој постигна 18 поени.

ЛА Клиперс ја вратија предноста на домашниот терен со триумфот во третиот меч на Јута 111:106. Клиперси максимално го користат отсуството на повредениот Руди Гобер, а во третиот меч ја преживеаја и брилијантната партија на Гордон Хејворд. Крилниот играч на Јута во првата четвртина постигна 21 поен, а натпреварот го заврши со рекордни во кариерата 40 поени.

Клиперси беа предводени од Крис Пол (34 поени, 10 асистенции, 7 скокови) и Деандре Џордан (17 поени, 13 скокови).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП