24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон е најскап град во Европа за издржување на еден вработен

Лондон е најскап град во Европа за издржување на еден вработен

Лондон е најскап град во Европа за бизнисот од перспектива на трошоците за домување и работно место на еден вработен, покажуваат податоците на консултантската компанија „Savills“.

Годишниот трошок за живеалиште во британската престолнина на еден вработен достигнува 61.329 евра, а за работно место – 24.000 евра. Така вкупниот трошок достигнува 85.329 евра.

На второ место е Париз со 60.580 евра трошок за живеалиште за година и 11.598 за работно место, односно вкупно 72.178 евра.

Третата позиција е за Милано со вкупен трошок во износ од 48.844 евра, односно малку под 36.800 евра за живеалиште и малку над 12.000 евра за работно место.

Меѓу најскапите градови се уште Даблин, Амстердам, Москва, Брисел, Стокхолм, Мадрид, Франкфурт, Берлин и Варшава, а разликата помеѓу Лондон и Варшава е речиси четири пати.

Експертите посочуваат дека бизнисот се повеќе ги почитува трошоците за еден вработен и особено трошоците за домување, кога се проширува или размислува за преместување. Компаниите разбираат добро дека пристапот до домување и адекватно работно место има огромно значење за привлекување на талентите.

Сè повеќе атрактивни за бизнис ќе станат градовите со доволно работни места и пониски станбени трошоци, бидејќи тоа ги привлекува и младите луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП