29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony бележи одлични резултати

Sony бележи одлични резултати

Главниот извршен директор на јапонската технолошка компанија „Sony“, Казуо Хираи покажа дека таа се враќа кон успехот и тоа не е случајно, пишува „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Токио забележа оперативен профит од 285 милијарди јени (2,6 милијарди долари) за фискалната година до март 2017-та година. Ова е со 19% повеќе во однос на претходната прогноза, посочуваат од компанијата. Покрај тоа, таа рече дека нејзината нето добивка ќе биде околу 73 милијарди јени, повеќе од двојно над претходната прогноза.

Ова ја означува втората последователна година во која оперативната добивка надминува 2 милијарди долари – најдолгата ваква серија од 2001-ва година. Компанијата го насочува тоа на силното претставување на повеќето бизниси и заштеди на трошоците во својата осигурителна единица. Единицата за чипови исто ужива помали трошоци по побрзото од очекуваното закрепнување од минатогодишното земјотрес во западна Јапонија.

„Тоа ќе ја зајакне пазарната доверба во наредната фискална година“, коментира Казунори Ито, аналитичар на „Morningstar Investment Services“. „И покрај силниот јен, фактот дека чиповите се споменати во оваа изјава, значи дека најверојатно тие придонеле доста за зголемувањето на прогнозата“.

„Sony“, која планира да го објави конечниот извештај на 28-ми април, ја остави прогнозата за приходите непроменета – 7,6 илјади милијарди јени. Акциите на компанијата кои се тргува во Германија, ја зголемија својата вредност со 1,9% по објавувањето на податоците. Поскапувањето им беше поголемо од она во Токио, што беше 0,6%, пред вестите.

Од почетокот на оваа година акцијата на компанијата ја зголеми својата вредност со 9,7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП