29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри чекори до исполнет живот

Три чекори до исполнет живот

Голем број на луѓе, барем понекогаш, се чувствуваат изгубено во животот – како работите да не одат како што треба, работата која ја работат не е соодветна и задоволувачка, а нивниот живот нема целосна смисла.

Скитањето низ она што ве интересира може да ви одземе многу време и труд, но во оној момент кога ќе ја пронајдете целта, она што ве прави среќни и задоволни, во тој момент ќе сфатите дека се исплатело. Не е секогаш лесно и едноставно потребно е да преминете преку скалилата до целта, но доколку го достигнете тоа што го посакувате – ќе бидете во трајна благосостојба.

Три чекори до исполнет живот:

Повеќе акција

Наместо да размислувате за акцијата, преминете на работа! Не се измачувајте со прашањата „Дали ова ќе успее?“, „Дали да се обидам?“, „Што ако не ми се допадне?“… Размислете што сакате, зацртајте си ја целта, преземете чекори кои ќе ве одведат до неа и започнете, бидејќи од размислувањето немате ништо. Овој круг на размислување ќе ги заплетка вашите идеи и претпоставки со кои се мачите себеси.

Мислете понекогаш и со срцето, не само со главата

За да ја почувствувате вистинската страст, водете се со срцето, бидејќи само инстинктите и желбата ќе ве однесат на вистинското место. Преиспитајте се себеси што е она што сакате да го работите, а не што би требало да работите, што морате, што се очекува од вас, што е добро платено… Нормално дека парите и сигурноста во работата се исклучително важни, но ако работите нешто што не го сакате – не само што нема да потраете, туку тоа негативно ќе се одрази на остатокот од вашиот живот. Најдете начин да создадете бизнис од она што го сакате и посветете му се со страст, бидејќи тоа секогаш се препознава и се исплати.

Престанете да размислувате за само еден и единствен начин на живот „кој ви е суден“

„Барањето на само една работа во животот е причината зошто се чувствуваме како нешто да ни недостасува“, вели Шенон Каисер, life coach и автор на текстовите на тема среќа, живот и патување. Таа додава „Погледнете ме мене! Имам шест различни професии – life coach, новинар, говорник, наставник, ментор и дизајнер и секоја од овие работи ми носи задоволство. Но ниту една сама по себе не е цел, туку страст. Кога го водите животот според вашите страсти, навистина живеете исполнет и смислен живот.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП