16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren подготвува GT модел со 4 седишта

McLaren подготвува GT модел со 4 седишта

Британскиот производител на спортски автомобили „McLaren“ може да го прошири својот асортиман на модели, но не очекувајте да се појави семеен автомобил или пак „SUV“. Максимумот на кој можат да се надеваат симпатизерите на брендот е „GT“ модел со 4 седишта, но не и со 4 врати.

„ Ја разгледуваме можноста за „GT“ автомобил со 4 седишта, но треба да видиме дали на пазарот има интерес за нешто слично, како и да направиме така што тој во ништо нема да се разликува од другите наши модели во однос на динамиката и однесување на патот“, изјави главниот извршен директор на „McLaren“, Мајк Флојит за време на автомобилскиот саем во Шангај. „Ќе ни треба шасија со малку поголемо меѓуоскино растојание, па ова нема како да не влијае на однесувањето на автомобилот. Но пак така ќе нудиме повеќе можности за клиентите во овој сегмент“, додава тој.

Со оглед на амбициите на „McLaren“ да лансира 15 нови модели во следните 5 години, тогаш развојот на слични идеи беше целосно очекувано, колку и двосмислен да звучи одговорот на Флојит.

Тој, сепак, беше категоричен дека во „McLaren“ со 4 седишта во кабината не значи и 4 врати. Истото се однесува и за моделите кои ќе го носат брендот „McLaren“ – па да не се очекува седан или пак кросовер.

Флојит потврди дека за новиот „720S“ веќе има 1.400 нарачки, што значи дека производството на овој модел за целата 2017-та веќе е продадено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП