25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот Barbie со најголема загуба во последните 15 години

Производителот Barbie со најголема загуба во последните 15 години

Американскиот производител на играчки „Mattel“ забележа во почетокот на годината уште еден колапс на бизнисот и поголема загуба од очекуваното.

Слабата продажба на куклите „Barbie“ и играчки од традиционалниот бренд „Fisher-Price“ му ја донесоа на водечкиот производител најголемата загуба од пред 15 години.

Во првиот квартал приходите се намалуваат во споредба со претходната година за 15 отсто до 735,6 милиони долари (686,6 милиони евра), што е најсилниот пад од пред осум години, објави ривалот на „Hasbro“. Консензус прогноза на аналитичарите испитани од „FactSet“ беше за приходи во износ од 794 милиони долари.

Загубата за кварталот се зголемила за 55% до 113,2 милиони долари или 0,32 долари по акција. Нето загуба изнесува 0,17 долари за акција.

Производителот на класици, како куклите „Barbie“, „Fisher-Price“ и „Hot Wheels“ е во криза подолго време. Слабите податоци не беа пречекани подобро од инвеститорите и акциите се намалија на берзанската сесија со повеќе од шест проценти. Од почетокот на годината акциите изгубиле 8,5% од својата вредност.

Резултатите покажуваат дека „Mattel“ е во нестабилна позиција само два месеци откако го назначи поранешниот менаџер на „Google Inc.“, Марго Георгиадис како трет извршен директор, коментира „MarketWatch“.

Слабите резултати на „Mattel Inc.“ ги повлече надолу и акциите на конкурентот „Hasbro Inc.“ чии акции поевтинија за 2,1 отсто во прелиминарната трговија во петокот.

За последната една година акциите на „Mattel“ поевтинуваат за 19 отсто, а оние на „Hasbro“ бележат раст од 10,6 отсто. За истиот период индексот „S & P 500“, под кој спаѓаат и двете компании, расте со 12,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП