29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 17-18.03.2018

Викенд хороскоп 17-18.03.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Викендов ќе решавате некои финансиски проблеми или некои професионални дилеми со колегите или семејството. Ќе добиете вести од странство во врска со работата која би требало да ви помогне да заработите поголем профит. Денес избегнувајте ги семејните кавги.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов ќе ги инспирирате луѓето со вашата самодоверба и увереноста во она што го зборувате. Вечерното излегување ќе донесе во вашиот живот исклучително интересна личност која несебично ќе дели насмевки. Уживајте во нејзино друштво.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидете внимателни и пореално проценете ги вашите можности. Средбата со едно лице за вас ќе претставува емотивно задоволство и уживање. Не се стегајте искажете го вашето мислење и емоции.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не експериментирајте постојано, туку обидете се со веќе пробаните техники, кои гарантираат успех. Вашата љубовна техника поминува без проблеми и затоа ситните љубовни проблеми не ве загрижуваат.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова би можел да биде одличен викенд за оние кои се упорни и амбициозни, практични, и оние кои сакаат по секоја цена да ги истакнат своите квалитети. Ако сте помалади не ги прифаќајте одговорните задачи за кои сеуште не сте подготвени. Ве очекува многу поволна вест од странство.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Овој викенд без да почувствувате, можно е да навлезете во чувствителен аспект од животот на блиска личност. Тоа може да биде причина за нарушување на хармоничните односи. Понекогаш молчењето е злато, па верувајте и на интуицијата кога ви кажува дека треба да го сопрете зборувањето.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете полни со позитивна енергија и ќе го правите она што навистина го сакате, па можеби затоа ќе барате повеќе отколу што можете да поднесете. Уживајте во разговорите со другите. Ќе ги изненадите луѓето со својата дарежливост и екстраваганција.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Овој викенд бидете внимателни и не решавајте ги проблемите со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место. Една помлада личност, на секаков начин се обидува да го привлече вашето внимание.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендов ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате голема амбиција и надежи дека некој нов план ќе ви донесе поголем финансиски приход. Доколку сте невработени, можно е да добиете понуда за работа на одредено време. Внимавајте, не внесувајте премногу калорични намирници.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој викенд ќе биде потребно да вложите поголем труд за да го постигнете она што е во вашите планови. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат непријатности на љубовното поле, обидете се да ги надминете.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП