20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген ќе плати глоба од 2,8 милијарди долари во САД

Фолксваген ќе плати глоба од 2,8 милијарди долари во САД

Германскиот производител на автомобили Фолксваген ќе мора да плати 2,8 милијарди долари казна во САД заради мамењето на тестовите со издувните гасови, се наведува во денешната пресуда, донесена врз основа на договорот меѓу американската Влада и компанијата.

Американскиот судија Шон Кокс го прифати овој договор, шест недели откако Фолксваген ја призна вината за вградувањето на софтверот кој мамеше со податоците на тестовите за емисии на штетните гасови.

Возилата биле програмирани да го вклучат системот за контрола на загадувањето за време на тестови, а потоа да го исклучи при обично возење.

Покрај оваа казна, Фолксваген ќе плати 1,5 милијарди долари во граѓанската парница, во главно заради порамнување со американската Агенција за заштита на околината, како и 11 милијарди долари за откуп на автомобилите и други компензации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП