28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичката понуда на Македонија претставена на интернационален саем во Косово

Туристичката понуда на Македонија претставена на интернационален саем во Косово

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) по втор пат учествува на интернационалниот саем за туризам “Travel Fair” во Приштина, Република Косово, (20-21 Април 2016).

Интересот на индивидуалните туристи за туристички локации во Македонија е ставен на зимските капацитети, Скопје City tours, Кањон Матка и добро познатите дестинации Струга и Охрид.

За време на саемот, претставници на АППТРМ остварија состаноци со менаџерите на туристичките агенции “In Tours”и “Sharri eco tour”, со кои се разговараше за организирање на туристички пакети за Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на патувања.

За успешна туристичка размена и промоција на туристичките потенцијали од регионот на далечните пазари, но и за соработка на различни интернационални проекти за развој на туризмот во двете земји, како и за меѓуинституционална соработка посебно внимание изрази раководителот на сектор за туризам при Министерството за трговија и индустрија на Република Косово, Хисен Согојева.

Македонскиот штанд беше посетен од амбасадорот на Република Македонија во Косово, Илија Страшевски и градоначалникот на општина Струга, Мустафа Забзун. Оваа година туристичкиот производ на македонскиот штанд го претставија претставници од општина Струга и Хотел Скардус од Попова Шапка.

На овој настан кој се одржува по 14-ти пат туристичката понуда ја претставуваат околу 80-тина егзибитори и коегзибитори и истиот е посетен од околу 15 000 гости. Ваквите настани во земјите од регионот ја покажуваат цврстата верба во потенцијалот и ресурсите кои ги имаат за развој на туризмот и привлекување на туристи од далечни пазари, како и зацврстуцање на веќе постоечките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП