29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Канада се забави повеќе од очекуваното

Инфлацијата во Канада се забави повеќе од очекуваното

Инфлацијата во Канада во март се забави повеќе отколку што очекуваа економистите, бидејќи цените на облеката и прехранбените производи се намалуваат, пишува „Bloomberg“.

Индексот на потрошувачките цени се зголемува со 1,6% на годишна основа во март. Во февруари инфлацијата во земјата беше 2%. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа забавување до 1,8%.

На месечна база цените растат со 0,2 отсто, што исто така е под очекувањата за зголемување од 0,4 отсто.

На почетокот на април канадската централна банка изјави дека показателите за растот на цените се намалуваат во последните квартали. Заедно со слабиот раст на платите тоа сигнализираше за значителен непотребен капацитет во економијата, посочуваат од регулаторот.

Според зборовите на гувернерот Стивен Полоз банката има потреба од повеќе последователни докази за да е сигурна дека реконструкцијата продолжува.

Статистичките податоци покажуваат дека прехранбените производи поевтинуваат веќе шести месец по ред. Бензинот од своја страна поскапува за 15,2% по скок од 23,1% во февруари.

Цените на транспортот се главниот двигател на инфлацијата во март, иако стапката на раст се забавува од 6,6% до 4,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП