23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОгромната инвестиција на Visa во Европа почнува да се исплати

Огромната инвестиција на Visa во Европа почнува да се исплати

Американската компанија за финансиски услуги „Visa Inc.“ дојде во Европа, потроши доста и не жали за тоа, пишува „Bloomberg“.

Приходите се зголемија повеќе од очекуваното од аналитичарите во вториот квартал и се очекува да се забрзаат кон горниот опсег на досегашната прогноза, иако трошоците остануваат високи поради процесите поврзани со купувањето на „Visa Europe“ во минатата година.

Компанијата потроши околу 1,5 милијарди долари за периодот, до 31-ви март, за трошоците поврзани со оваа зделка, но инвеститорите изгледа вложуваат дека сегашните жртви ќе дадат добри резултати во подоцнежна фаза. Тоа ја зголеми цената на акциите на компанијата за време на продолжената трговија.

„Многу сме среќни од начинот на кој „Visa Europe“ се приклучи“, коментира главниот финансиски директор Васан Прабу за време на состанокот со аналитичарите. „Таа се претставува подобро од нашите очекувања“.

Вредноста на акциите на „Visa“ се зголеми за 2,7% до 93,57 долари вчера во Њујорк. Во оваа година цената им е зголемена за 17%.

Приходите се зголемени за 23% до 4,5 милијарди долари благодарение на успесите на неодамна стекнатиот бизнис во Европа, објави во соопштението „Visa“. Сумата ги надмина очекувањата на 27 аналитичари анкетирани од „Bloomberg“. Нивната прогноза беше за 4.28 милијарди долари.

Оперативните трошоци се зголемија за 40% до 1,67 милијарди долари, откри фирмата. Голем дел од оваа сума е за добротворни донации, на новоформираната „Visa Foundation“.

Нето добивката е намалена за 75% до 430 милиони долари, или 18 центи по акција, од 1,71 милијарди долари, или 71 центи по акција, една година порано. Ако се исклучат трошоците поврзани со реорганизацијата на „Visa Europe“, добивката е 86 центи по акција, со што ги надминуваат очекувањата на аналитичарите за 79 центи по акција.

„Visa“ ја прошири својата програма за откуп на акции со 5 милијарди долари до 7,2 милијарди долари, делумно за да се компензираат трошоците поради „Visa Europe“.

Компанијата ја намали прогнозата за годишниот раст на добивка по акција до висока едноцифрена стапка, откако претходно очекуваше малку над 30%.

Трошоците со кредитните и дебитните картички во светот, вклучувајќи ги и оние на „Visa Europe“ и приспособувањата заради девизните флуктуации, се зголемиле за 37% до 1,73 илјади милијарди долари во однос на една година порано. Прекуграничниот обем – мерката за трошоците на клиентите во странство, скокна со 132%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП