Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,500.64 0.01%    KMB 2,501.49 0.01%    MPT 27,749.25 2.77%    OHB 4,500.00 -2.16%    OKTA 2,600.00 -1.89%    RMDEN14 95.00 0%    SBT 1,300.00 0%    SPAZP 3,500.00 0%    STB 900.00 0%    TNB 10,000.00 0%    

Продажбата на мало во Велика Британија со прв квартален пад од 2013-та

Време: 15:37

Датум: април 21, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Продажбата на мало во Велика Британија го запиша најдрастичниот пад за квартал од 2013-та година, соопштува „Bloomberg“.

Волуменот на стоките продадени во продавниците и на интернет, се намалува со 1,4 во јануари-март во однос на претходниот квартал, покажуваат податоците на Националната статистичка служба.

Последниот пат кога продажбата на мало во Велика Британија го запишаа за еден квартал беше во 2013-та година.

Само во март падот изнесува 1,8%, што е полош резултат од очекуваното 0,5-процентно намалување.

Податоците упатуваат вознемирувачки пораки за економијата, која зависи многу од потрошувачката.

Економскиот раст сигурно бележи пад во првиот квартал, коментира „Bloomberg“, што од своја страна ќе изврши притисок врз Англиската централна банка да ги одржува ниски каматните стапки.

„Слабоста кај продажбата на мало се чини дека е последица од зголемените цени во широк спектар на сектори“, коментира Кејт Дејвис од статистичката служба.

„Bloomberg“ потсетува дека британската фунта поевтини за 14% од референдумот за „Brexit“ во јуни. Цените на стоките на мало во март се зголемуваат со 3,3% на годишна основа, што е најостар раст од март 2012-та година.

Од сите продажби на мало само оние во стоковните куќи остварија раст. Кај облеката и обувките има пад од 0,9%, а кај прехранбените производи намалувањето изнесува 0,5 отсто.

Следната недела во петок ќе биде објавено првото читање на податоците за БДП-то во јануари-март, а очекувањата се за забавување до 0,4%.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Mигрира секој трет млад човек – Загрижувачки феномен е одливот на мозоци

    Mигрира секој трет млад човек – Загрижувачки феномен е одливот на мозоци

    Истражувањето во областа на младинските политики, како дел од проектот Градење на следната генерација младински лидери, го претстави Самет Шабани на тема „Ефектот на етичката…

  • Грција без нови мерки за штедење за намалување на долгот

    Грција без нови мерки за штедење за намалување на долгот

    Грчката влада и кредиторите се согласија на компромис – за грчката влада тоа значи уште штедење во 2019 година и 2020 година, кога спасувачката програма…

  • Субвенционирањето на АВРМ нема влијание врз платите кои се исплаќаат на младите работници

    Субвенционирањето на АВРМ нема влијание врз платите кои се исплаќаат на младите работници

    Константно високите стапки на младинска невработеност биле причина владите насекаде низ светот да преземат мерки за нејзино намалување. Според истражување на студентот Ѓорги Димевски, кој…

  • Грција со пилот програма против работниците „на црно“

    Грција со пилот програма против работниците „на црно“

    Од следниот месец во земјата почнува да се реализира пилот програма во чии рамки ќе се проверуваат сите прекршувања поврзани со непријавена работа. Грчките медиуми…

  • Македонија домаќин на светскиот ден на јогата

    Македонија домаќин на светскиот ден на јогата

    По повод Светскиот ден на јогата, на 10 мај, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи „Јогатон“. Македонија оваа година е домаќин на настанот…

  • Остар пад на лошите кредити во еврозоната во последниот квартал од 2016-та

    Остар пад на лошите кредити во еврозоната во последниот квартал од 2016-та

    Банките во еврозоната драстично ги намалиле наталожените лоши кредити во последниот квартал од минатата година. Најголем пад се забележува во Италија и Ирска, покажуваат податоците…

  • Продуктивност: Македонија на дното во Европа

    Продуктивност: Македонија на дното во Европа

    Технологија, кадар, менталитет. Комбинацијата на овие три фактори ја става Македонија на дното на Европа според продуктивноста на работниците. Еден работник за еден час во…

  • ЕУ го укинува роамингот, погодност за сите туристи

    ЕУ го укинува роамингот, погодност за сите туристи

    Европската унија од 15-ти јуни го укинува роамингот, што значи дека граѓаните на земјите членки на ЕУ нема дополнително да плаќаат повици и користењето на…

  • Студентската пракса иако е задолжителна има многу аномалии

    Студентската пракса иако е задолжителна има многу аномалии

    Невработеноста на младите, тема на Младинскиот образовен форум, кои истружуваа зошто младите си одат од државата. Тие се обиделе со менторите да опфатат некои од…

  • Oралната контрацепција и натаму не е на позитивната листа во Македонија

    Oралната контрацепција и натаму не е на позитивната листа во Македонија

    Државата ја заборави „Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020“. Владата и министерствата заборавија да работат на унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје, беше посочено…