23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРутината ја гуши креативноста

Рутината ја гуши креативноста

Понекогаш проблемите бараат да им се пристапи на креативен начин, а ако нашата работа и приватниот живот се сведуваат само на рутина тогаш такви ќе ни бидат и одлуките.

Не сме ние криви – шефовите од нас бараат строго да се држиме до некои правила во внатрешноста на компанијата и не ни дозволуваат да постапуваме од креативната страна. Најмногу поради тоа што сметаат дека на тој начин ја рушиме политиката на работењето. Се мора да биде одредено по некои заостанати процеси и …. рутински.

Но, постојат компании кои бараат од своите луѓе да бидат креативни на работа, да имаат редовни „бреинсторминг“ состаноци, да се посветат на своето семејство, плаќајки им спортски активности, пуштајќи ги порано дома, организирајки им тим билдинг и слично.

Зошто е сето тоа? За да се опушти нашиот мозок, да се префрли на некоја друга локација и со тоа да стане слободен за нови идеи. Секој ден обавуваме некои од следниве рбаоти – читаме мејлови, одговараме на нив, висиме на телефон, одиме на состаноци, поднесуваме извештаи, проверуваме Твитер и Фејсбук, доаѓаме дома, јадеме, гледаме ТВ, миеме заби и си легнуваме, и така денот прошол.

Треба некој пат да се тргнеме од таа рутина, да го ослободиме мозокот од тие постојани работи кои ги обавуваме.

Немојте да заборавите да прочитате и некоја добра книга, да погледнете документарец кој ќе ве прикова за троседот, да отидете во природа, да изиграте некоја игра, да спортувате, да направите вечера за најмилите или да измиксате некој котел.

Кога ќе се отргнете од рутината и ќе започнете да правите некои нови работи, мозокот ќе ви се отвори, ќе бара нови решенија и нови прилики, повеќе нема да биде заробен во рутината. Многу брзо ќе станете поопуштени. Брзо ќе донесувате одлуки, ќе бидете попродуктивни и ќе имате контрола над својот живот. Полесно ќе се носите со стресот и здравјето ќе ви биде подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП