29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДебелите лица почесто страдаат од мигрена

Дебелите лица почесто страдаат од мигрена

Дебелината предизвикува мигрена – сметаат докторите и тоа го поткрепуваат со податоците дека луѓето со вишок килограми почесто имаат ужасни главоболки. Една од седум возрасни лица има мигрена и за неа нема доволно добар лек.

Во неодамнешните истражувања, научниците пронашле интересна врска која би можела да помогне со подоброто разбирање на овој вид на главоболка.

Анализата на резултатите од истражувањата спроведени на примерок од 300.000 испитаници покажува дека дебелите луѓе со индекс на телесна маса поголема од 300 имаат 27 проценти повеќе шанси да добијат мигрена отколку лицата со нормална тежина.

Можно е масното ткиво, кое лачи широк спектар на хемикалии во организмот, да има улога во појавата на мигрена. Дебелината е поврзана со зголемени воспаленија, што може да придонесе за појава на болка.

Сеуште не е јасно дали слабеењето и повратокот на нормална тежина можат да ја олеснат мигрената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП