Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,801.04 0.25%    BESK 10,700.00 1.9%    GALE 600.00 0%    GRNT 756.00 -1.52%    KMB 2,601.78 -2.12%    MPOL 230.00 7.48%    MPT 28,000.00 0%    OHB 5,100.00 0%    RMDEN15 95.00 0%    STB 897.19 4.32%    STBP 748.00 0%    TEL 241.00 0%    TKVS 2,510.00 3.12%    TNB 10,799.68 0.83%    TPLF 1,365.00 -0.15%    UNI 1,800.00 0%    ZPKO 2,500.00 -0.04%    

БЕГ: Околу 45 000 потрошувачи во Скопје активно го користат системот за централно греење

Време: 13:57

Датум: април 21, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Во пресрет на 22 април – Светски ден на планетата Земја, натамошниот развој на системот за централно греење значително ќе придонесе за намалување на загадувањето во Скопје, информираат во петокот од БЕГ.

„ Околу 45 000 потрошувачи во Скопје кои активно го користат системот за централно греење на БЕГ се греат на еколошки чист начин и со тоа значително придонесуваат за заштита на животната средина.

Експертите се децидни дека целосното искористување на овој систем за греење, покрај намалување на цената на услугата за корисниците, ќе овозможи и значително намалување на проблемот со загадувањето во Скопје, кој е најизразен токму за време на грејната сезона.

На ваков заклучок упатуваат и последните научни истражувања, како што е студијата изработена од Машинскиот факултет во Скопје, со која се потврдуваат анализите според кои користењето нееколошки средства за затоплување на домовите, пред сè дрвата, јагленот, нафтата и други несоодветни горива за урбани средини, се еден од главните причинители за проблемот со енормна загаденост на воздухот во Скопје во зимските месеци“, се вели во соопштението на БЕГ.

По повод годинешното одбележување на 22 април – Светскиот ден на платенета земја, експертите препорачуваат дека земјата треба да го следи трендот на масовен развој на овие системи во градовите на Eвропската Унија со цел да се достигнат целите за намалување на штетните емисии во воздухот и истовремено да се обезбеди оптимален енергетски развој.

„Инаку, во Скопје веќе постои широко распространет и еколошки оптимален систем за централно греење. Како резултат на обемните инвестиции направени во последните 5 години, сите топлани кои ги управува Балкан енерџи груп (БЕГ) како погонско гориво користат исклучиво природен гас, кој е еколошки најчистото фосилно гориво.

Покрај тоа, сите топлани се опремени и со автоматски систем за прибирање технолошки параметри од производниот процес, како и со уреди кои овозможуваат автоматска блокада на работата на котлите при евентуално зголемено ниво на чад.

Топланите во рамки на групацијата БЕГ работат согласно позитивните законски прописи во сегментот на животната средина и поседуваат еколошки дозволи што ги издаваат надлежните институции. Емисиите во воздухот од овие топлани се далеку под законски дозволените гранични вредности утврдени во домашната законска регулатива и ги задоволуваат стандардите.

На таков начин, со употреба на најсовремени технологии во топланите и со постојаната контрола и надзор на технолошките процеси, се гарантира еколошки чисто производство на топлина за централното греење на Градот Скопје,се вели во информацијата на БЕГ.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Европскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

    Европскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

    Извозот на земјоделски производи на Европската унија (ЕУ) почнува да го забавува растот и се враќа кон средните ниво за последните четири години. Ова станува…

  • Либански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

    Либански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска прими делегација на претприемачи од Либан предводена од Самер Соуфан, претседател на Советот на бизнисмени од Либан и претставници…

  • И ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

    И ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

    Грција има потреба од намалување на долгот, за да ја врати довербата на инвеститорите, и покрај желбата на Атина да излезе од програмата со готовински…

  • Повеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

    Повеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

    Над половина граѓани на Велика Британија и Франција сметаат дека една или повеќе членки на ЕУ ќе ја напуштат Унијата во наредните неколку години. Во…

  • УЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

    УЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

    Управата за јавни приходи најави засилен мониторинг на готовинскиот промет во делот на фискализацијата. Од УЈП апелираат даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со…

  • На охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

    На охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

    Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење…

  • Цената на нафтата се спушти под 45 долари

    Цената на нафтата се спушти под 45 долари

    Цената на нафтата од видот Брент вчера падна под 45 долари за барел, што е за првпат од 15 ноември минатата година. Главен фактор за…

  • Потпишани првите договори на Министерот за финансии

    Потпишани првите договори на Министерот за финансии

    Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ги потпиша првите договори откако стапи на министерската функција, а се поврзани со изградба на капитални проекти во руралните…

  • Тевдовски: Ќе има ребаланс на буџетот

    Тевдовски: Ќе има ребаланс на буџетот

    Од Министерството за финанси најавија дека активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека…

  • Како да се намалат штетите од употреба на дроги

    Како да се намалат штетите од употреба на дроги

    „Со клучни одлуки до здрава заедница“ е кампања на Здружението на граѓани ХОПС, за континуирана финансиска поддршка на програмите за намалување на штетите од употреба…