20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДа работите од дома е супер, но...

Да работите од дома е супер, но…

Да работите од дома е супер, но може да се претвори во ноќна мора ако не се придржувате до некои правила.

Шефот ви кажал дека можете слободно да ја обавувате својата работа од дома и никој сега не е посреќен од вас. Но, за се да функционира како што треба морате да се придржувате до одредени правила. Како прво, направете план за работа и строго придржувајте се до него.

Многу лесно можете да ја запоставите работата од дома доколку фрлите поглед на омилената серија, гледате некоја емисија, слушате радио, висите по социјалните мрежи и на крај сфаќате дека ништо не сте сработеле.

Обезбедете си мирно катче каде нема да ви пречат вашите домашни, децата, партнерот или било кој. Имајте удобна столица, квалитетен монитор, вклучете лесна музика, и започнете со работа.

Правете кратки паузи од 10-15 минути, испијте освежителен напиток, изедете парче овошје или сендвич и повторно вратете и се на работата. Додека не завршите немојте да прекинувате. Најлошо е кога ќе се прецените па ќе почнете да готвите ручек или ќе ги повикате пријатели на кафе, сепак немате толку време и треба да рбаотите. Најпрвин завршете ги своите работни задачи па потоа префрлете се на уживањето.

Морате да сфатите дека работата од одма е супер работа, но може да стане многу опасно доколку не воведете некои правила. Однесувајте се исто како да сте на работа, работејќи ги исклучиво работните задачи, а сепак уживајте во комфорот на вашиот дом. Среќно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП