25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфонот HTC U ќе пристигне на 16-ти мај

Смартфонот HTC U ќе пристигне на 16-ти мај

Компанијата „HTC“ со слоганот „Squeze for the brilliant U“ најави дека ќе претстави нов уред.

Веќе од претходно беше познато дека смартфонот кој се развива под кодното име „Ocean“, најверојатно ќе се нарекува „HTC U“, a наводно ќе има и т.н. „Edge Sense“ – со сензори кои ќе бидат вградени во рамката на уредот. Тоа значи дека корисниците со притискање да управуваат со одредени функции на овој смартфон.

Меѓутоа, тоа во целост не е нов концепт, затоа што јапонската компанијата „NT Docomo“ го претстави прототипот „Grip UO“, кој е дизајниран со цел да се демонстрира употребата на куќиштето во истата технологија. Сензорите овозможуваат стартување на апликации, гласовно пребарување, отклучување и слично. Уредот на „HTC“ ќе биде најдобра интерпретација на таа идеа.

„HTC U“ би требало да има 5.5-инчен екран со резолуција од 2560×1440 пиксели, процесор „Snapdragon 835“, задна камера од 12 и предна од 16 мегапиксели, а ќе го користи оперативниот систем „Android Nougat 7.1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП