19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈагодите штитат од рак на дојка?

Јагодите штитат од рак на дојка?

Само 15 јагоди на ден би можеле да ве заштитат од рак на дојка, тврдат експертите.

Научниците спроведоа истражување на лабараториски глувци, а се испоставило дека јагодите не само што спречуваат ширење на ракот, туку и туморот кај некои глувци бил намален.

„Забележавме значително намалување на големината и тежината на туморите“, вели научникот Маурицио Батино од Политехничкиот Универзитет во Италија.

За да ја изработат оваа студија, научниците најпрвин во глувците вметнувале канцерогени клетки, а потоа ги хранеле со јагоди, а подоцна се испоставило дека ова овошје го блокира напредокот на ракот.

Експертите објаснуваат дека јагодите ја намалуваат активноста на генот кој има важна улога во метастазирањето на канцерот, а ја зголемуваат активноста на гените кои спречуваат ширење на ракот на дојка.

Сепак, тие нагласија дека се потребни уште студии за да се утврди дали ефектот ќе биде ист и кај луѓето.

Претходно студиите покажаа дека со внесувањето на меѓу 10 и 15 јагоди дневно се прочистуваат артериите и се намалува нивото на холестерол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП