28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД, Кина и Jameson го поддржaa растот на Pernod Ricard

САД, Кина и Jameson го поддржaa растот на Pernod Ricard

Продажбата за третиот квартал на „Pernod Ricard“ – вториот по големина производител на алкохолни пијалаци во светот, ги надмина очекувањата, со што ја зголеми цената на акциите. Француската група, сепак, предупреди дека забраната за продажба на алкохол во близина на индиските автопати ќе го забави растот на вториот по големина пазар, соопштува „Ројтерс“.

Растот бил охрабрена од „Jameson“, така што ирската марка виски оствари двоцифрен процентен раст, како и од најсилните пазари во двете Америки и Кина.

„Pernod“ ги задржи изгледите за профит, велејќи дека гледа уште постабилен раст во САД – најголемиот пазар, и во Европа и подобрување на побарувачката во Кина за коњакот „Martell“.

Сопственикот на шампањското „Mumm“ и водката „Absolut“ изјави дека очекува основен раст на оперативната добивка да биде помеѓу 2% и 4% за годината до 30-ти јуни.

Индија, која формира околу 10% од приходите на групата, е клучен регион за растот како резултат на локални брендови за виски, како „Blender’s Pride“ и „Royal Stag“.

Државната забрана врз банкнотите со висока деноминации ја ограничи локалната потрошувачка во вториот и третиот квартал, а растот на продажбата бележи пад до 1% во 9-те месеци до 31-ви март во однос на 12% за целата фискална 2015-2016 година, соопшти „Pernod“.

Иако забраната за продажба на алкохолни пијалоци во близина на индиските автопати ќе влијае на продажбата главно во четвртиот квартал и во првата половина на фискалната 2017/2018 година, финансискиот директор Жил Бугар за „Ројтерс“ изјави дека се надева дека тие ќе останат без промена во целата една година до 30-ти јуни и дека е уверен за резултатите во Индија во долг рок.

Компанијата не претстави конкретни детали за тоа колкав дел од нејзината продажба во Индија ќе биде погоден од оваа забрана.

„Pernod Ricard“ забележа продажба од 1,987 милијарди евра во трите месеци до 31-ви март, што е за 3% повеќе на годишна основа. Така компанијата ги надмина очекувањата за раст од 1%, поддржан од двоцифрениот пораст на продажбата на вискито „Jameson“ во САД и подобрување побарувачка во Европа – првенствено во Источна Европа, Шпанија и Велика Британија.

Акциите на „Pernod“ поскапеа за 1,8% до 115,3 евра наутро, претставувајќи се најдобро во францускиот индекс „САС 40“.

„На најдобрите од очекувањата резултати треба да обезбедат дополнителна удобност дека бизнисот продолжува да се подобрува“, изјавија аналитичарите од „Jefferies“ кои одредуваат рејтинг „buy“ на акциите на компанијата.

Презентацијата сепак забележува благо забавување во однос на растот од 4% во вториот квартал, одразувајќи ја послабата продажба во Азија поради регулаторните промени во Индија и во претходната Кинеската Нова година, што ја поддржи продажбата во вториот квартал.

Како и другите алкохолни производители „Pernod Ricard“ беше погоден од забавувањето во Кина, зад кое стојат државните мерки против екстравагантните трошоци на државните претставници. Продажбата на компанијата опаднаа во третиот квартал и остануваат во промена во деветте месеци откако се намалија за 9% во минатата година. Според Бугар сепак трендот се подобрува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП