20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкарска лекција од САД за германскиот гигант

Банкарска лекција од САД за германскиот гигант

Американскиот Фед му наложи на германскиот банкарски гигант Deutsche Bank да плати повеќе од 150 милиони долари казна поради лошата пракса во девизното работење и слабата контрола.

Американската единица на „Deutsche Bank“ мора да плати 136,9 милиони долари на име „ризично и неодговорно постапување“ на девизните пазари, соопшти Фед, кој ја регулира работата на банкарскиот сектор во САД, известува агенцијата Франс прес.

Компанијата „не успеа да открие и да се позанимава со тоа што нејзините трговци користеле простор за електронски чат за да комуницираат со конкурентите за нивните трговски позиции“, наведе американската централна банка.

Фед исто така и изрече парична казна на „Deutsche Bank“ во износ од 19,7 милиони долари затоа што во работењето не се придржувала со Вокеровите правила, кои им забрануваат на банките одредени видови на инвестиции од сопствените сметки.

На „Deutsche Bank“, најголемата банка во Германија, Фед и нареди да го подобри надзорот и контролата која се однесува на тргувањето со валутите и на Вокеровото правило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП