28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите шокирани: Турците ни забија нож во грбот

Русите шокирани: Турците ни забија нож во грбот

Турција со одлуката за ограничување на увозот на земјоделски производи од Русија, вклучувајќи ја и пченицата и „заби нож во грбот“ на Русија.

„Она што Анкара го направи во врска со увозот од Русија изгледа како нож во грб“, изјави рускиот министер за земјоделство Александар Ткачев.

Тој додаде дека Русија е способна да излезе на крај со новонастанатата ситуација и дека може да најде нови пазари.

„Ние ова не го очекувавме. На одреден начин ова е нож во грбот, и ние се надеваме дека наскоро ќе дојде до нормализација на односите меѓу Турција и Русија“, изјави тој.

Тој изрази надеж дека ќе преовладува здравиот разум, пренесува Спутник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП