Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,998.40 -0.03%    GRNT 820.00 0.49%    KMB 3,323.14 -0.67%    MKSD 239.00 19.5%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,199.00 -0.02%    OHB 5,050.00 0%    OKTA 3,700.00 2.78%    RMDEN16 94.80 0%    RZLV 53.00 -1.05%    RZUS 134.00 -0.56%    SBT 2,101.00 -1.82%    STB 940.57 0.06%    STIL 144.97 -0.02%    TEL 300.00 1.35%    TETE 2,170.00 2.79%    TPLF 1,627.92 4.65%    

Спласна инфлацијата во ЕУ и еврозоната

Време: 10:34

Датум: април 21, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Меѓугодишната инфлација во еврозоната спласна во месец март оваа година на 1,5 проценти од февруарското ниво од 2 проценти.

Во март 2016 година, индексот за растот на потрошувачките цени во 19-члениот блок изнесувал нула проценти, објави Еуростат.

Истовремено, инфлацијата во Европската унија во март била 1,6 проценти на годишно ниво, што е исто така пад во однос на 2 проценти од претходниот месец. Во 28-члениот блок, исто така, минатиот март стапката на инфлација била нулта.

Во март 2017 година, најниската меѓугодишна инфлацијата е регистрирана во Романија (0,4 проценти) и Ирска и Холандија (по 0,6 проценти), додека највисоки стапки се забележани во Летонија (3,3) Литванија (3,2) и Естонија (3,0 проценти).

Во споредба со февруари 2017 година, меѓугодишната инфлација во март опаднала во 17 земји во ЕУ, во шест држави членки останала стабилна, додека во пет забележала раст.

Најголемо влијание на зголмувањето на меѓугодишната инфлација во еврозоната имале цените на горивата за моторни возила, маслата за греење, и зеленчукот, додека дефлаторните притисоци доаѓале од цените на телекомуникациите и празничните туристички аранжмани и облеката, наведува Еуростат.

На месечно ниво, потрошувачките цени во ЕУ во март пораснале за 0,6 проценти, а во еврозоната за 0,8 проценти.

Најизразен раст на цените е забележан во Португалија (2,0 проценти), Италија (1,9), а следат Грција (1,4) и Шпанија и Литванија (по 1,1 проценти).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Шилегов: Универзална нема да се гради поради долговите за „Скопје 2014“

    Шилегов: Универзална нема да се гради поради долговите за „Скопје 2014“

    Универзална сала нема да се гради и годинава. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, вели дека нема пари ниту Градот ниту Министерството за култура за реализација…

  • График на денот: Како европските банки се справуваат со лошите кредити

    График на денот: Како европските банки се справуваат со лошите кредити

    Лошите кредити остануваат вистинско бреме за европските банки – 944 милијарди евра кои тежат на сметководствените биланси, коментира „Bloomberg“. Според економистите купот заостанати долгови им…

  • До 2050 година речиси 80 проценти од светската популација ќе живее во градовите

    До 2050 година речиси 80 проценти од светската популација ќе живее во градовите

    Кон средината на 20. век само триесет проценти од светското население живеело во метрополите, додека денес живеат речиси 50 проценти. Обединетите нации прогнозираат дека до…

  • Шеста по ред сесија на раст на Dow и S&P 500

    Шеста по ред сесија на раст на Dow и S&P 500

    Американските акции запишаа претежно зголемување во петокот, откако ја завршија шестата по ред сесија на раст и ја забележаа најдобрата недела во последните пет години,…

  • Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно

    Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно

    Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење…

  • Медведев: Немаме веќе што да продаваме

    Медведев: Немаме веќе што да продаваме

    Руската економија во голема мера е приватизирана, и не останаа многу активи за продажба, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. „Не ни остана многу за приватизација,…

  • Денес сончево и потопло, од утре дожд

    Денес сончево и потопло, од утре дожд

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе биде потопло,…

  • Од денес автобусот со број 50 повторно ќе застанува во ГТЦ

    Од денес автобусот со број 50 повторно ќе застанува во ГТЦ

    Автобуската станица во Градскиот трговски центар од денеска повторно ќе функционира. Десет украински автобуси со број 50 на ЈПС ќе застануваат на оваа автобуска станица.…

  • Во недела без вода дел од општина Центар

    Во недела без вода дел од општина Центар

    ЈП „Водовод и канализација“ информира дека в недела, 18 февруари, поради дефект на водоводна цевка со пречник 225 мм на улицата „11 Октомври“ бр. 30…

  • Нов проект на ЕУ за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија во земјоделието

    Нов проект на ЕУ за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија во земјоделието

    Во албанскиот пограничен град Пешкопеја денеска беше промовиран уште еден проект на ЕУ за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија во сферата на земјоделието и…