19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦСКА Москва со водство од 2-0 против Басконија

ЦСКА Москва со водство од 2-0 против Басконија

Кошаркарите на ЦСКА Москва водат во четвртфиналната серија против Басконија со 2-0 и уште еден триумф ги дели од пласман на завршниот турнир во Истанбул. ЦСКА вториот меч од серијата го доби со 84:82, благодарение на поените кои од линијата ги постигна Кајл Хајнс во последната секунда.

ЦСКА, како и во првиот меч, одигран исто така во Москва, вложи многу труд за да стигне до победата.

Првиот дел донесе израмнета игра на двете страни, а ЦСКА успеа да воспостави контрола во третата четвртина и благодарение на Теодосиќ направи серија 17:6, со кои стигна до позитива од 17 поени.

Двоцифрената предност „армејците“ ја одржуваа до последните две минути, кога Басконија влезе во серија, а со тројката на Бобуа на 12 секунди до крајот израмни на 82:82.

Во последниот напад на ЦСКА, најпрвин Теодосиќ не успеа да погоди, но Хајнс успеа да стигне до топката, беше фаулиран од Лапровитола и од линијата за слободни го постави конечниот резултат 84:82.

Теодосиќ со 16 поени и осум асистенции го предводеше победникот, каде двоцифрени со по 10 поени беа уште Де Коло и Хајнс. Францускиот репрезентативец Бобуа со 21 поен беше најефикасен кај Басконија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП